Цеца Ражнатовиќ објави една сосма неочекувана фотографија за која што нема пракса да ја прави на своите профили на социјалните мрежи – момент со татка си и тоа објавен во јавност.
Слободан Величковиќ по професија е бравар и трговец, а претседател на општина Житораѓа беше од 2000 до 2003 година. Неговата сопруга Мира, мајка на Цеца, била селска учителка. Иако и двајцата го избегнуваа медиумското внимание, нивната поддршка за нивната ќерка беше постојана.
Цеца еднаш раскажа анегдота за нејзиниот татко:
„Велат дека штом се родив и првпат плачев, татко ми рече: „Ах, се роди пејачка! Кога сум прозборела, ги викав моите родители со нивните имиња, а на мајка ми и се обраќав со Мицо“.
фото:Instagram printscreen/ cecaraznatovic