Радио Милева секси вибрации

По 18 години Шакира на сцената на Греми го изведе својот познат стомачен танц (видео)

По 18 години Шакира на сцената на Греми го изведе својот познат стомачен танц (видео)

Шакира ја освои Греми наградата за најдобар латино поп албум на годината на доделувањето, а истовремено ја „вжешти“ атмосферата на церемонијата со „огнениот“ настап кој вклучи и стомачен танц.

Шакира се појави Греми сцената 18 години по нејзиниот претходен настап и изведе спој на две нејзини песни – стариот хит од 1998 година, „Ojos Asi“ и „Las Mujeres Ya No Lloran“, која беше дел од истоимениот албум за кој ја доби наградата.

Таа го отвори настапот со стомачен танц кој ја следеше песната „Ojos Asi“ со делови од препознатливата кореографија од концертите.

Пејачката блесна облечена во блескав златен комплет од два дела, со златни налепници на стомакот.

Таа претходно ја доби наградата за латино поп албум на годината, која ѝ ја врачи Џенифер Лопез.

Во текот на нејзиниот говор, Шакира ја посвети својата награда на „сите браќа и сестри имигранти во оваа земја“. Пејачката ја истакна својата посветеност на мигрантската заедница во САД, и додаде: „Секогаш ќе се борам со вас“.

 

фото:Printscreen/X

To top