Фолк пејачката Татјана Лазаревска, вчера на 12.02.2025 го прослави својот 50-ти роденден, а доказ за тоа се фотографиите направени во ексклузивниот ресторан што го изнајмила за таа пригода.
Македонската пејачката која една деценија живее во далечна Австралија, се потрудила за својот јубилеј, не штедела на украси, музика, храна, а поканила и одбрани гости.
За прекрасната и весела атмосфера што ја создала пејачката сведочат објавите кои ги сподели на социјалните мрежа каде што е редовно активна.
Татјана пред да ги дувне свеќичките одржа говор со кој ја одбележа вечерта.
„Петка и нула за мене не значи ништо. Значи само пола живот. Уште пола следува, подобрата половина следува.
Денес сум многу среќна, посебно што си имам својата фамилија – синовите Петар, Стефан и мојата љубов Новица.
Ова е моето богатство, моето сè, за ова се живее и наредни 50 години. Ве сакам“ – кажа Татјана, па ги бакна и тројцата.
View this post on Instagram
Пред прославата таа сама си го честиташе роденденот и и кажа добредојде на педесетката.
View this post on Instagram
фото: printscreen/instagram/facebook/Tatjana Lazarevska