Здруженијата кои го организираат доделувањето на наградите Греми (Grammy) наградите објави пет нови награди, како и промени во правилата коишто би можеле да влијаат врз некои многу важни категории, вклучувајќи ја и наградата за најдобар нов изведувач на годината.
Новите категории воведени од Американската дискографска академија, која ја организира престижната музичка церемонија, вклучуваат најдобра латино песна, најдобра изведба на азиска поп-музика, најдобра R&B соработка односно изведба на дуо или група вокали, најдобра вокална изведба на традиционална поп-компазиција и најдобар традиционален фолк албум.
Новите награди ќе бидат доделени почнувајќи од следната церемонија на доделување на Греми, закажана за февруари 2027 година во Лос Анџелес. Вкупниот број категории според новите правила е 100.
Правилата се променети и во однос на тоа колку пати еден изведувач може да биде номиниран за нов изведувач на годината.
Оваа високо престижна награда се доделува на музичари во подем. Според новите правила, изведувачите ќе можат да бидат кандидирани за наградата најмногу четири пати наместо три, дозволувајќи им на оние кои веќе го достигнале претходниот лимит уште една шанса за наградата.
Промените „го одразуваат богатството на денешната музичка индустрија и мноштвото жанрови, техники и творци што ја обликуваат“, рече претседателот на Доскографската академија, Харви Мејсон Џуниор.
Додаде дека следната церемонија ќе го одрази „извонредниот раст што го доживува музичкиот свет“.
Номинациите за Греми ќе бидат објавени на 16-ти ноември.






