Радио Милева луксуз

Паметна зграда, обезбедување, приватен парк… – Вака изгледа станот на Сораја од 8 милиони евра

Паметна зграда, обезбедување, приватен парк… – Вака изгледа станот на Сораја од 8 милиони евра

Старлетата Сораја Вучелиќ ужива во луксузен живот, а стан како нејзиниот во Загреб можат да си дозволат само оние со најдлабок џеб. Имено, Сораја живее во имот вреден дури 8 милиони евра.

Во една прилика, таа на Инстаграм го покажа ентериерот на станот во кој живее со својот мистериозен партнер и татко на нејзиното дете, а на фотографиите беа прикажани бројни уметнички слики и луксузен мебел, но не е познато во кој дел од Загреб се наоѓал имотот.

Станува збор за стаклена зграда, на една од најатрактивните локации во самиот центар на Загреб – Цветниот плоштад, кој се наоѓа веднаш спроти православната катедрална црква „Преображение Господово“.

Освен по својот надворешен изглед, оваа стаклена зграда е единствена по многу нешта. Гледана од плоштадот, изгледа како трговски центар, што делумно и е, но во исто време е луксузен станбен комплекс со приватен парк кој не може да се види од ниедна страна освен од воздух, со што се обезбедува максимална приватност за жителите.
Како што се дознава до делот каде што се наоѓаат становите се пристапува директно со лифт од гаражата и никој освен станарите и нивните гости нема пристап до тој дел од комплексот. Сè е под 24-часовно обезбедување. На влезот има и рецепција. Покрај Сораја, на оваа адреса живеат и неколку хрватски фудбалери, а едно време таму живеела и пејачката Влатка Покос.

Патем, становите во оваа паметна зграда се убедливо најскапите во цела Хрватска. Како што може да се види на една хрватска веб-страница за недвижности, стан во оваа зграда, речиси идентичен со оној во кој живее Вучелиќ, моментално се продава за неверојатни 8.000.000 евра, или 18.000 евра за квадратен метар. Станува збор за четирисобен стан на два ката изграден во 2012 година, со површина од 320 квадратни метри, со три спални соби и бањи, како и тераса од 160 квадратни метри со фантастичен поглед на градот и сите погодности што моментално можат да се најдат на пазарот на недвижности, како што се велнес соба, сауна, фитнес сала, огромен гардеробер, зимска градина, гаража со три паркинг места итн. Станот на Сорај е 440 квадратни метри.

Еден од богатите соседи на Сораја, кој бил подготвен да разговара, потврдил дека Сораја навистина живее во овој комплекс со својот партнер и син, но дека често е на пат и дека ова веројатно не е нејзината единствена адреса на живеење.

Foto: Printscreen/ instgaram/sorajavucelic

To top