Мегафон вокалот на „Љубојна“,промовира книга

Оживување на заборавениот македонски мелос: Промоција на книгата на Вера Милошевска – Јосифовска

Оживување на заборавениот македонски мелос: Промоција на книгата на Вера Милошевска – Јосифовска

Познатиот вокал на „Љубојна“, м-р Вера Милошевска-Јосифовска, професор по традиционално пеење и долгогодишен истражувач на македонската музичка традиција, ќе ја промовира својата прва книга „Македонскиот вокален мелос во современиот контекст – Оживување на една заборавена музика“. Настанот, кој ќе се одржи во сабота, на 28-ми декември, е во организација на издавачката куќа Flip Book Books.

Промоцијата ќе биде вистински празник за љубителите на македонската традиционална музика. Преку музичка сесија во живо, Вера ќе го претстави богатството на вокалните стилови што ги носи македонската пејачка традиција, а публиката ќе има можност да дознае нешта што досега не ги знаела за нашиот уникатен музички мелос.

Книгата обработува и дел од современата музичка приказна што ја создаде „Љубојна“. Со разговор и песна, бендот заедно со актуелни музичари, млади таленти и културни ентузијасти ќе понуди инспиративно патување низ историјата и денешнината на македонската музика.

Овој настан е совршена можност за сите што сакаат да се поврзат со културното наследство на Македонија и да бидат дел од неговото современо оживување.

To top