Мали гестови или навики кои откриваат колку се грижите за личноста која во тој момент лежи до вас. Не треба да го правите ова:
Одите до фрижидер
Генерално, жените се повеќе склони кон ова. Фрижидерот е нивниот втор, но постојан љубовник. А грев е тешко да си простат бидејќи најмногу се посветени на одржување на линијата. Трчањето до кујната другото лице може да го доживее како недостаток на интимност и продолжување со лични задоволства откако ќе се доживее заедничкото задоволство. Најдобро е кога и двајцата имате иста страст.
Палите цигара
Речиси идентично како фрижидер. Само што со пушењето е уште поизразена потребата од некаков личен ритуал со кој другиот нема врска. Полесно е ако го споделите тоа, или наместо да пушите со внимателен поглед во далечината, прегрнете го партнерот, давајќи му до знаење дека се уште сте тука за нив.
Се вртите на другата страна
Не постои појасен начин да покажете дека повеќе не сте заинтересирани. Без разлика дали сте или не сте романтични, нежни, склони кон „наивно“ уживање во двајца (гушкање, бакнување, галење), вртењето со грб укажува на недостаток на блискост и интерес за градење. Сексот бил само епизода.
Фаќате мобилен телефон
Во меѓувреме, што се случи на мобилниот телефон, во мојот свет? Што пропуштив? Многу слично на вртење грб само за нијанса помалку ладно и грубо.
извор:popara
фото:Freepik