Големата музичка ѕвезда донираше пет милиони долари помош за подрачјата погодени од ураганите „Хелена“ и „Милтон“ на Флорида.
„Многу сме ѝ благодарни на Тејлор Свифт за великодушната донација од пет милиони долари“, напиша на инстаграм Клер Бабино Фонтенон, извршната директорка на непрофитната организација „Feeding America“. „Овој придонес ќе помогне во обновувањето и закрепнувањето на заедницата, осигурувајќи основи средства, храна, вода и резерви за луѓето погодени од овие разурнувачки бури“, додаде таа.
View this post on Instagram
„Ти благодарам Тејлор, затоа што нè поддржуваш и што им помагаш на заедниците кои имаат потреба од помош“, порача Фонтенон.
Ова не е прв пат Тејлор да донира финансиски средства на лицата кои имаат потреба од помош. Имено, во текот на нејзината турнеја „Eras“, во градовите каде настапуваше, редовно донираше средства на народните кујни и локални организации кои им помагаат на посиромашните граѓани.
View this post on Instagram
Исто така во 2016 година, Тејлор донираше средства за луѓето кои беа погодени од поплавите во Луизијана, а во 2017 година исто така донираше за оние кои беа погодени од ураганот „Harvey“. Додека во 2020 година, Тејлор донираше еден милион долари за помош на погодените од торнадото во Тенеси, кога загинаа 24 лица, а бројни куќи беа уништени. Но и во 2023 година, таа повторно донираше средства на Тенеси по новите разурнувачки торнада.
Инаку, неодамна Тејлор Свифт и официјално стана најбогата музичарка на светот со нето вредност од 1,6 милијарди долари.
фото:instagram printscreen/ taylorswift