Сигурно малкумина останаа без да го погледнат несекојдневното видео на социјалните мрежи каде нашата Калиопи е во прошетка низ центарот на Скопје заедно со балканската ѕвезда Теа Таировиќ.
Иако жанровски апсолутно спротивни кога музиката е во прашање, сепак енергиите на Калиопи и Теа се споија да и двете се запознаат подобро непосредно, да разменат мисли и да поминат убаво време заедно чекорејќи низ скопскиот плоштад.

Откако слегнаа импресиите, Калиопи почувствува потреба да опише и сподели како помина средбата со помладата колешка Теа и да ја резимира нивната средба, а наедно и нивно прво запознавање.
-Оваа средба беше навистина посебна…
Посебна како што е и Таа…
Скромна, мудра, срдечна и топла, бидејќи чоечноста е нешто што најпрво го препознавам кај луѓето…
Таа умее вистински да почитува и сака… Затоа @tea_tairovic е она што е денес!
Затоа, не беше тешко да се возврати со љубов.
И двете имаме овој месец концерти во Скопје, јас на 14.11. а таа на 15.11.
И знам дека и двата концерти ќе бидат прекрасни…
А вам, драги мои, единствено ви преостанува да уживате… напиаша Калиопи.
View this post on Instagram
Веруваме дека бројните фанови и на двете пејачки беа воодушевени од ваквата топла и необична средба, а интересна беше и за новинарите од дома и соседството кои го забележаа моментот и пренесоа во медиумите.
Месец ноември е пред Опи и Теа кои во ист период ќе се посветат и предадат на едно исто – музиката и нивната публика.

Новостекнатото пријателство на македонската и српската пејачка веројатно нема да остане на една средба, а ако судиме по тоа која е и колкава е големината на нашата Калиопи, сигурно пријателството допрва ќе се гради и заснова на почитување.
фото:Instagram printscreen/kaliopi_official







