Скромен, мирен, повлечен, но кога ќе го земе микрофонот во рака и ќе запее, велешанецот Мики Секуловски се преобразува во некој друг, со нескротлив темперамент кој како да се криел под некоја маска.
Иако одамна има обиди на музичката сцена во Македонија, а талент шоуата ги избира како пат за влез до истата, на Мики најпосле му тргна како што треба во „Ѕвездите на Гранд“.
Иако споменатото шоу има доста таленти во конкуренција, Мики едноставно уште од старт се издвои како фаворит на жирито, а наклонетоста и симпатиите ги освои и кај регионалната публика.
View this post on Instagram
Интересен за публиката, а со тоа и за медиумите. Емисијата „Тренд лајф“ на локалната кавадаречка телевизија КТВ го посетија Мики во родното Велес, каде тој ги отвори вратите од својот дом.
Опуштелно и релаксирано по тренерки, Мики ги пречека гостите, им свери кафе, па тргна разговорот.
Водителката најмногу го потпрашуваше за „Ѕвездите на Гранд“, а бидејќи музиката беше главен фокус на посетата, Мики ја отвори вратата од својата просторијата каде поминува најмногу време. Тоа е неговото домашно музичко студио за кое вели дека со пријател го правеле со мебел по мерка.
За гостинката од Кавадарци покажа и дека не е излезен од форма за вежбање, па нашправи и 10 склека.
Како изгледаше разгорот и домот на Мики погледнете од видеото во продолжение:
фото:instagram printscreen/ mikisekulovski/ You Tube/ КTV televizija Kavadarci