Пејачката Драгана Мирковиќ и бизнисменот Тони Бијелиќ официјално се разведоа по 25 години брак.
Имено, Драгана Мирковиќ поднесе барање за развод пред 13 месеци и ги потпиша сите потребни документи пред австриски суд.
Патем, откако Тони се исели од замокот во Виена, пејачката остана сама во него, но списокот на имот што го стекнале низ годините е долг.
Драгана е на списокот на една од најбогатите јавни личности во овој регион. Нејзиното богатство, според последната проценка на веб-страницата „Net Worth Celebrities“, изнесува 100 милиони долари.
Значајни извори на приход беа оние што ги создадоа преку заеднички деловни потфати. Прво и најважно, тоа е телевизијата, на чие чело пејачката е од 2005 година. Поранешната двојка поседува и компанија за продажба на луксузни автомобили веќе десет години, а меѓу нивните клиенти се голем број нејзини колеги. Драгана и Тони поседуваат бројни имоти, како во Австрија, така и на Балканот, а познато е и дека тој ѝ го препишал своето богатство на пејачката. Замокот е уреден во најновиот стил, а деталите од ентериерот и екстериерот се зачудувачки.
Големата куќа во која живееле се наоѓала во непосредна близина на замокот, кој е на периферијата на австриската престолнина.
фото: printscreen/instgaram