Радио Милева приморан на пауза

Од играчка – плачка: Лозано го спопадна несреќа од која го чека долга рехабилитација

Од играчка – плачка: Лозано го спопадна несреќа од која го чека долга рехабилитација

На пејачот Влатко Лозаноски – Лозано од пред една година животот му е посветен на синчето Марко кое е неговиот фокус.

Сепак, на тато Лозано како и на сите му трбаше време за реалксација и одмор од се’ она семејно и професионално, па се впушти во играње фудбал, хоби кое отсекогаш му било голема страст.

Арно ама, нештата очигледно не тргнале на добро, па пејачот го спопадна несреќа од која заврши на патерици.

Од објавата на „стори“ се гледа преврзаната нога од сериозната повреда за која како што пишува ќе му треба подолго време за санација и рехабилитација.

-Моите нови пријателчиња за следниве неколку месеци, напиша Лозано во прилог на е фографијата од повредената нога додека го превезуваат во автомобил.

Нека минува побрзо и со лесно!

фото:Instagram printscreen/vlatkolozanoski

To top