Водителката Николина Пишек за време на бременоста и по породувањето се соочила со бројни здравствени проблеми.
По раѓањето на втората ќерка Хана, таа паднала во сериозна психичка состојба, па дури била принудена да зема лекови.
„Првиот пат кога бев бремена, мислам дека немав време да се позанимавам со моето ментално здравје бидејќи многу брзо следеа некои тешки околности, кои ме принудија да се справувам со животот и животните проблеми, егзистенцијата…“, започна Пишек во подкастот „Мајките кај Лана“ и додаде дека откако ја родила втората ќерка, наишла на проблеми со менталното здравје:
„Со Уна, претпоставувам, затоа што бев во некаква привидна, да речеме, кожурирана состојба, чувствував вознемиреност, напади на паника, страшни стравови, несоница, бев целосно апатична, целосно без никаква амплитуда на емоции.
Се сеќавам само на некоја длабока, постојана и непрестајна тага, која со помош на лекови релативно брзо се стабилизираше. Овие лекови треба да се земаат одредено време. И кога почувствував дека сум подготвена, застанав и тогаш беше во ред“, откри таа.
фото: printscreen/instagram/YouTube