Македонската водителка Лила Филиповска преку социјалните мрежи често разговара со обожавателите, а сега одлучи да им подели и по некој совет како причина плус да ја заследат и оние кои досега тоа не го направиле.
Нејзиниот профил на Инстаграм е преполн со фотографии од патувања низ светот, па така беше и сега, но и со мудрост за здравјето.
Имено, таа на шега им откри дека е „непослушна“ , а тоа за неа е половина здравје.
– Не слушам е пола здравје… следете ме за повеќе совети – напиша таа и со тоа предизвика многу реакции, веројатно сакајќи да појасни дека ќе бидете поздрави, доколку ги „затворите ушите“ на сите околни муабети за вас.
View this post on Instagram
На фотографијата Лила позира во нејзин стил, расположена и секси, во розев костум за капење, додека во позадина се гледа базенот со огромна гума во форма на еднорог, симболот на убавината и едноставноста.
Лила дефинитивно внимава на секој детал и со тоа е уникатна во она што го прави, а советите кои допрва планира да ги споделува секако ќе бидат добредојдени за нејзините многубројни фанови.
фото: print Screen/ Instagram/lilafilipovska