Јасна Миленковиќ Јами проговори за додворувачите на нејзината ќерка Леа.

“Има многу, но јас им поставив минско поле. Воопшто не сум мајка по европски принципи. Малку сум резервирана, но денес воопшто не им завидувам на младите и многу ми е жал за нив. Во мое време бевме многу поопуштени, се дружевме, се забавувавме, а денес… Гледам колку девојки се сами, колку мажи се соло и не знам што се случува?! Мислам дека социјалните мрежи уништија се. Би ги укинала утре, само за луѓето повторно да се дружат, да се забавуваат, таа љубов навистина да се врати на голема врата“ – изјави Јами.

Пејачката тогаш призна дека и приоѓале момчињата на Леа за да и побараат дозвола да излезат со неа.

„Не сум доживеала такво нешто овде, но во странство ми приоѓаат момци за да ми побараат дозвола да излезат со неа. Бев воодушевена. Сепак, тие не се расположени само да се забавуваат – сите сакаат веднаш да ја мажат. Мислам дека е премлада за тоа, но сепак, срцето избира. Ако тоа се случи утре, што можам да направам освен да кажам – да.

На прашањето дали би дозволила нејзините внуци да ја нарекуваат „баба“, Јами вели:
„Секако дека ќе дозволам. Едвај чекам да го доживеам нејзиното дете да ме вика „бабо. Ќе бидам супер баба“!
Фото: Инстаграм/jamiofficial







