Инвазијата на латиноамериканските сапуници која започна во 1990-тите, остави длабока трага на телевизискиот етер. Касандра остана неприкосновена до ден-денес, но се сеќаваме и на Есмералда, Роза Салвахе, Марисол, а тука беше и убавата Руби.
Сите беа маѓепсани од уникатната убавина на Барбара Мори, мексиканска актерка со интересен етнички микс.
View this post on Instagram
Таа е родена во Уругвај, но има корени од Јапонија, Либан и Баскија. Таа во февруари го прослави својот 48 роденден. Кариерата ја започна како модел, а со текот на времето до израз дојде нејзиниот талент за глума, прво во реклами, а многу брзо и во серии.
„Руби“ почна да се снима во 2004 година, но пред тоа веќе заплови по водите на теленовелите. Таа се појави во првиот во 1997 година. Руби и донесе меѓународна слава на Барбара Мори, но таа сакаше да биде повеќе од ѕвезда во сапуница. Сепак, филмовите што ги снимила подоцна најчесто биле прикажувани во Јужна Америка. Успехот што и го донесе „Руби“ никогаш не се повтори.
И пред да го освои светот со популарната серија, Барбара стана родител. Синот Серхи го родила во 1998 година, кога имала 20 години. Тоа беше круна на кратка љубовна врска со колегата Серхио Мајер.
Зад убавата актерка стои брак кој исто така не траеше долго. Таа се омажи за бејзбол играчот Кенет Реј Сигман во 2016 година, а се разведе следната година.
Бидејќи нејзиниот син на многу младост го почувствувал родителството, Барбара станала баба во 2016 година, кога имала само 38 години. Но, таа ја сака својата внука повеќе од се и често се слика со неа за Инстаграм.
Кариерата на убавата мексиканска актерка долго време ја прекина ракот на дојката, кој и беше дијагностициран во 2007 година. Таа храбро зборуваше за медиумите за голготата низ која тогаш минувала, справувајќи се со злобната болест и стравови.
За среќа, таа успешно се опорави и продолжи да ужива во животот, како што можеме да видиме на нејзините фотографии на социјалните мрежи. Многумина исто така забележуваат дека сега изгледа подобро отколку во времето на нејзината најголема популарност.
фото:Instagram printscreen/ barbaramories