Таа е една од нашите најпопуларни водителки. Ја сакаат сите генерации, поради нејзиниот шарм и непосредност, а она што ја карактеризира Елена Стојановска е младоликиот изглед кој остана како нејзин печат кога некој би ја опишал.
Оттука, многумина тешко би поверувале дека таа е остварена мајка и тоа веќе на 10 годишната ќеркичка Илина.
View this post on Instagram
За нејзините професионални ангажмани, позајмувањето на глас за реклами и инфлуенсерството, јавноста, особено оние кои ја следат на Инстаграм се добро запознаени. Но, за се’ она што и се случува на приватен план, убавата Елена не така често знае да го открие.
View this post on Instagram
Сепак, нејзините најблиски не се исклучок од објавите на социјалните мрежи, особено кога ќе се стокмат за некој посебен момент и свечен настан кога фотките по непишано правило се задолжителни.
Tака се погоди и сега, Елена, нејзиниот сопруг Огнен и ќеркичката Илина дотерани и насмеани позираа во камерата од мобилниот на Елена, а таа гордо се пофали на Инстаграм со нејзиното се’. Стиснати и насмеани еден до друг позираа заедно, а од приложеното може да се види дека Илина пораснала со мала убавица која е копија на мама.
Времето си лета, Елена останува навидум непроменета, а еликсирото на нејзината убавина се токму тие, изворот на убавините и љубовта на животот – семејството!
Инаку, сопругот на водителката Елена, Огнен, работи како видео аниматор, а од бракот ја имаат ќерката Илина.
фото: Instagram printscreen/ enna_inna