Ако повеќето жени со текот на годините и во сооднос со физичкиот изглед знаат да се запрашаат дали некој модел на облека би им одговарал или не, па се чувствува и несигурноста, за ТВ водителката Елена Стојановска ова како воопшто да не важи.
На Елена која е во петтата животна деценија и се може да ги дозволи стилски и визуелно да се изрази како што ќе посака, па дури да наликува и на девојченце.
Некогаш така, а некогаш и како вистинска дама и зрела жена.
View this post on Instagram
Водителката која е и новопечена балерина, постојано докажува и покажува дека годините не можат да и пркосат за ништо, па дури и во остварување на сонот кој го имала како мала – балетот.
Елена самата признава дека не сака да вежба и не е некој спортски тип, но затоа милува да вежба балет.
View this post on Instagram
Стасот и витата линија и дозволуваат и храбри парчиња како хеленки и топ маички со голо стомаче, а таа расположена позерка во лифт умее и да испозира како и нејзе да и е прв училишен ден – како што и самата вели.
На какви свои почетоци мислеше, не знаеме, но со вака спортски изглед веројатно се наговори за некој финтес тренинг за поголема физичка спремност во балетската сала.
А со оглед на тоа каква линија држи вака неспортски расположен тип, Елена е женска ипол со рамното голо стомаче налик тинејџерка.
фото:Instagram printscreen/ enna_inna