Македонската музичка сцена добива нов, свеж глас кој освојува со искреност, емоција и автентичност – Наум Ивановски, познат како Нани. Овој талентиран 26 годишен музичар од Крива Паланка, го бараа своето место меѓу најперспективните изведувачи на поп- pок жанрот во Македонија.
Со своите песни како „Зошто ме остави“, „Ако некогаш се појавиш“ и „Од мене бараш спас“, Нани создава музика што ја доловува суштината на животот, љубовта и емоциите што ги делиме. Неговата најнова песна, „Заборави“, направена во соработка со познатата пејачка Андријана Јаневска, го потврдува неговиот уметнички сензибилитет.
Андријана е автор на музиката и аранжманот, стиховите ги напишал самиот Нани, а песната е снимена во студиото Гиновски, во кое Драган Гиновски – Гино ги направил и мастерингот и миксот на песната.
Видеото за „Заборави“ е реализирано на неколку различни локации во екстериер во природа и дел во македонската престолнина Скопје. Го потпишува „Ѕteadyflow“, а во него покрај пејачот се покавува како модел и младата убавица Смона Саздовска.
Покрај музиката, Нани успешно ги балансира и своите студии на катедрата за Германски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Оваа синергија меѓу академското образование и музикалната креативност му овозможува да создава песни со длабока лирска вредност и емотивна искреност.
Со својот уникатен пристап кон поп-рок музиката, Нани внесува свежа енергија и иновативност на домашната сцена. Неговите песни не се само мелодии – тие се искрени приказни што го освојуваат срцето на секој слушател.
Со секој нов проект, Наум Ивановски претендира на позицијата еден од најперспективните млади музички уметници во Македонија.
Како звучи и изгледа новата песна „Заборави“ проследете во продолжение…