Познатата пејачка Наташа Беквалац сподели неодолив клип во кој ја гледаме во базен со помладата наследничка Катја, која ја доби во брак со Лука Лазукиќ.
– Ти си најдобрата мајка на светот! Најдобрата во светот! – зборувала Катја.
– Дали си подготвена? – ја прашала Наташа.
– Да – и одговорила нејзината ќерка.
– 3, 4, внимавај, сега! – рече Ната, а потоа се нурна да види дали Катја ќе и застане на грб.
Така Наташа ја носеше својата ќерка низ вода, а видеото веднаш заврши на социјалните мрежи.
– Во родителството се снаоѓам сама. Таа улога ми е најважна, како и на секоја нормална жена. Тоа е енергија која тотално ве обзема. Целосно сум посветена и на работата што ја работам 20 години на највисоко ниво. Тоа се двете работи кои ме исполнуваат и ме обземаат. Човекот мора да биде магичен за да можам да го вклопам во мојот распоред – изјави неодамна Наташа.
View this post on Instagram
фото: printskrin/instagram