Поранешната актерка од “Days of our lives” i “Melrouz Plejs”во необична облека на забавата по повод Оскарите.
Актерката, ѕвездата од ријалити-шоуа и водителка Лиса Рина (62) се појави на црвениот тепих на вечерта на Оскарите облечена во пет килограми човечка коса.
Лиса пристигна на забавата со победниците и губитниците на вечерта во фустан креиран во соработка со модниот дизајнер Кристијан Кован и брендот за нега на коса TRESemmé.

Дизајнерот Кристијан Кован ја објави соработката на 14 март на Инстаграм со видео кое го прикажува изработката на фустанот, со натпис: „Коса од А-листата во ново, спектакуларно издание“. За уникатниот фустан на Рина, тој користел речиси пет килограми човечка коса, набавена од доверливи, етички извори, од три различни добавувачи.
Погледнете го ова бизарно издание:

Секое праменче беше внимателно одбрано за да одговара на бојата на косата на Рина, потоа подготвено со производи од нивната линија пред рачно да се зашие на подлогата од фустанот.
Eleven pounds of human hair on a dress?! Just when I thought Lisa Rinna couldn’t get any creepier, she goes and does this.
The moment I realized it, I was completely creeped out. What on earth is happening?
Then again it’s Lisa Rinna and she’s crazy so I guess not surprised! 😳 pic.twitter.com/aEyijsWYXN
— Hanz (@fashionistaera) March 16, 2026
Рина вели дека им ја покажала скицата на фустанот на својот сопруг, Хари Хамлин, и ќерките, Делила Бел и Амелија Греј, и нивната реакција не ја изненадила. „Тие ме познаваат доволно добро за да знаат дека би направила нешто такво. Нивната реакција беше како: „Да, тоа е нашата мајка. Одлично“, објасни таа.
Foto: printscreen/instgaram/tiktok/lisarinna





