Радио Милева ритмичка симбиоза

На овој познат Македонец ни Милица Павловиќ не му одолеа, па го прибра крај себе, а тој ја научи како да му се придружи (ФОТО)

На овој познат Македонец ни Милица Павловиќ не му одолеа, па го прибра крај себе, а тој ја научи како да му се придружи (ФОТО)

Милица Павловиќ за Св. Трифун и Св. Валентин приреди концерт за паметење во Скопје. Вистински спектакл во секој поглед кој се’ уште се прераскажува. Класа и повеќе  над последниот од ваков тип на Јелена Карлеуша која пред неа имаше слично шоу во С.Ц. Јане Сандански.

Врвно ниво на совршенство и тоа во сите сегменти… Пеењето, кореографииите,  костимографијата, видеоанимациите, светлото, звукот, динамиката и распоредот на песните,  изборот на гости, фитбекот од публиката… Едноставно се’ беше близу до нивото на концертите на светските ѕвезди.

Во еден момент од концертното шоу Милица му пријде и го претстави тапанарот од нејзиниот бенд со зборовите: „Драга публико, поздравете го овој  човек, тој е ваш, од овде, Македонец…“!

А зад тапаните човекот кој го диктира целото темпо на концертот е навистина познат Македонец, кому Милица Павловиќ не му одолеа, односно не одолеа на неговото свирачко мајсторство и тапанарско умеење, па го прибра крај себе уште на почетокот на својата турнеја „Лав“!

Ставре Ставрев е е еден од најпознатите тапанари во Македонија. Долгогодишен член на групата „Арија“, школуван музичар за кого во ниту еден музички жанр, стил или правец нема тајни. Зашто неговото мајсторство во изведбата е на ниво на совршенство, па токму таа ударна перфекција ја препознал менаџмнтот на пејачката, како и самата Милица, па Ставре се најде во нејзината придружна група на големата регионална турнеја.

Но, дека Ставре е по многу што единствен, покажа и споменатиот момент од концертот кога Милица Павловиќ и самата кажа дека за оваа тунеја научила по малку да свири и тапани. А токму Ставре бил учителот, кој како што се виде и слушна од приложенето, кога на пејачката и ги даде палките, а таа седна зад сетот, ја научил како прецизно да го покори ритамот.

Милица зад тапаните во 20-ина до 30 секунди покажа дека ако вака продолжи да учи, брзо ќе се стекне со звање мајстор за уште едно музичко умеење. Тапанарка од школата на Ставре, кој во кусата изјава  пред концертот ни рече дека и самиот бил изненаден што од толку многу музичари во Србија, токму него го избрале и поканиле да биде зад тапаните во бендот на Милица на нејзината турнеја!

Но, бравурозната изведба на македонскиот музичар и овој пат покажа дека ништо не е случајно, а сигурниот и прецизен ритам, како и беспрекорните импровизации, дека надалеку се ценат!

Фото: Фејсбук/Stavre Stavrev /Никола Радишиќ/Лука Степановиќ

 

 

To top