Радио Милева Скандалозна политичка провокација...

На концертот во Велес Светлана Ражнатовиќ го развеа бугарското знаме: (Не)кој и го „смести“ на Цеца или таа ни го „смести“ нам? (ВИДЕО)

На концертот во Велес Светлана Ражнатовиќ го развеа бугарското знаме: (Не)кој и го „смести“ на Цеца или таа ни го „смести“ нам? (ВИДЕО)

На социјалните мрежи уште од вчеравечер (петок, 31 октомври 2025) почна да се  шири видео на кое може да се види револтот на македонската публика на концертот во Велес, каде настапуваше српската турбо-фолк пејачка Светлана Цеца Ражњатовиќ.

Таа, во еден момент го разви знамето на нашиот источен сосед, па така нагрната и завиткана во бугарско знаме се обиде да запее на сцената, а салата буквално полуде! Публиката бурно реагираше со свирежи и гласни непрекинати извици „уууаааааа“, по што Мики Секуловски и помогна да го тргне од себе бугарското знаме.

Како се најде бугарското знаме во рацете на српската турбо-фолк ѕвезда засега е нејасно. Таа на сцената колку и да сакаше да продолжи да пее завиткана во знамето, не успеа во тоа, зашто целата сала го надгласуваше со свирежи и негодување дури и силното озвучување.

На социјалните мрежи, исто така, има бурни реакции по провокацијата и скандалот што се случи на концертот на Цеца во Велес. Многумина побараа по ова Цеца да биде прогласена за „persona non grata“ , да биде протерана и да и биде забранет влез во Македонија!

Инаку, концерот кој оддамна беше најавуван се одржа сношти, петок 31.октомври 2025 во спортската сала Гемиџии во Велес. Остана само недоумицата: Кој тоа и  го „смести“ на Цеца или таа ни го „смести“ нам?

Видеото може да го погледнете ТУКА.

To top