Радио Милева уморна

На Александра Пријовиќ и се слошило, концертот итно прекинат (фото)

На Александра Пријовиќ и се слошило, концертот итно прекинат (фото)

Александра Пријовиќ ја продолжува турнејата „Од исток кон запад“, па настапи и во Крагуевац во салата „Језеро“.

Овој пат поддршката на семејството Живојиновиќ беше само Виктор, а нејзината мајка Борка Михајловиќ даваше несебична поддршка од првите редови.

При настапот во еден момент на Пријовиќ и се слошило, па направила мала пауза за да здивне.

Набргу потоа, како вистински професионалец, продолжи со истото темпо како ништо да не се случило.

Бендот „Тропико“ беше изненадувачки гостин, а Александра му се заблагодари на фронтменот на групата Сале за поддршката.

– Ви благодарам многу што дојдовте, што се согласивте да дојдете. Знам дека публиката ве сака каде и да одиш, и сигурна сум дека сега ќе направиш хаос во Крагуевац – рече Александра.

Сале и таа заедно ја испеаја песната „Ne dam nikom ovu bol” “, а публиката ги награди со громогласен аплауз.
Публиката уште еднаш ја разнежни Прија, која почна да плаче, иако неколкупати повтори дека не сака.

– Пријо, те сакаме! Пријо, те сакаме! – скандираа од публиката, пишува „Република.рс“.

фото:Instagram printscreen/ aleksandraprijovic

To top