Пејачката Гоца Тржан со години е во хармоничен брак со својот сопруг, Радомир Раша Новаковиќ, кој е 14 години помлад од неа.
Раша бил член на нејзиниот бенд и така започнала нивната љубов, а малкумина знаат дека музичарот имал здравствени проблеми во еден момент од животот и не можел да свири.
– Во тоа време, мојот сопруг имаше сериозни повреди на зглобовите, не можеше да свири. Две или три години беше на сериозни лекови, бидејќи секој допир го болеше како да го бодеа во зглобовите со ножеви – ги откри деталите Гоца, потсетувајќи се на периодот кога здравјето на Раша Новаковиќ било нарушено.
Тие брзо нашле клиника каде што Раша се лекувал, а терапијата многу му помогнала.
– По првата терапија не чувствуваше никаква болка, а по втората и третата болката целосно исчезна, не мораше да ги преврзува рацете, не мораше да прави ништо од работите што ги правеше претходно – рече Гоца, потсетувајќи се на еден многу предизвикувачки и тежок период за нив.
Сега оваа борба е зад нив и двојката продолжува да постигнува нови победи, а Раша е особено благодарен што има сопруга покрај себе, која го поддржува и го придружува во сè.
Патем, љубовната приказна на Раша и Гоца започнала кога тој се придружил на нејзиниот бенд како нов тапанар.
фото: printscreen/instgaram