Хана Хуљиќ и Петар Грашо се еден од најпознатите српски парови, кои секојдневно ја интригираат јавноста.
Меѓутоа, пред да го запознае Грашо, Хана била во долгогодишна врска со пијанистот Томислав Шошиќ.
Тие двајца беа заедно осум години, а љубовта главно ја држеа подалеку од очите на јавноста. Тие никогаш не ги коментираа причините за раскинувањето. Познато е само дека додека биле заедно Томислав студирал џез пијано во Естонија, а тој и Хана одржувале врска на далечина.
Да потсетиме, Хана на крајот на минатата година роди машко дете, кое таа и Петар го крстија Тони по неговиот дедо, но и по таткото на Хана, Тончи Хуљиќ.
Заедно, двојката ја има двегодишната ќерка Алба, која се роди пет месеци по венчавката. Петар и Хана се венчаа во февруари 2022 година на романтична церемонија во Сплит. На свадбата присуствуваа само најтесниот круг на семејството и пријателите.
Да потсетиме, Грашо пред Хана беше заедно со пејачката Данијела Мартиновиќ цели 24 години. Живееле во пентхаус во Загреб. Како што тогаш објавија хрватските медиуми, Грашо од Данијела заминал поради Хана.
фото: printscreen/instgaram