Познато е дека засладените пијалаци се многу штетни за нашите заби, но постои уште еден пијалок кој многумина го сметаат за здрав, но не е толку добар за забната глеѓ.
Истражувањето спроведено во Англија покажа дека секој четврти човек се бори да си дозволи преглед на забите. Оттука, водечкиот стоматолог во „The Smile Gallery“ Рахул Нехра сподели дека треба да избегнуваме минерална вода за да ги заштитиме нашите заби.
Иако пиењето минерална вода не е толку лошо како пиењето газирани сокови, треба да бидете внимателни умерени со консумирање на истата. Процесот на карбонизација на минералната вода вклучува додавање на јаглерод диоксид, кој формира јаглеродна киселина кога се раствора во вода.
Затоа, кога консумирате минерална вода, јаглеродната киселина ја намалува pH вредноста во устата, што со тек на време доведува до слабеење на забите.
„Многу минерални води со ароми содржат лимонска киселина или други киселини кои потенцијално можат да ги оштетат забите. Иако минералната вода може да биде освежителна алтернатива на засладените газирани сокови, паметно е да се консумира умерено и со добра дентална хигиена“, вели стоматологот Нехра.
Тој истакнува дека е подобро да пиете само обична вода или ако навистина сакате газирана вода, едноставно користете сламка за течноста да не дојде во директен контакт со глеѓта.
Минералната вода може да ги оштети забите на различни начини. Имено, бидејќи содржи јаглеродна киселина, а континуираното изложување на киселоста на минералната вода може да го ослаби заштитниот слој на глеѓта, што ја прави подложна на оштетување и расипување.
извор:точка
фото:freepik