Последната објава на познатиот актер Милош Биковиќ кој е популарен надвор од границите на неговата земја ги разнежни неговите следбеници.
Милош Биковиќ ужива да биде родител, а моментите кои ги минува со синот од време на време ги споделува со своите милионски следбеници на Инстаграм.
На последната објава на актерот, тој сподели идилична фотографија од прошетка со синот Василиј, кој го доби во јануари годинава со својата партнерка Ивана Малиќ.
Биковиќ сеогласил од Русија каде моментално престојува со семејството и судејќи по објавите, денот го поминале во одморалиште, опкружено со природа.
„На прошетка со тато“, додаде Биковиќ во описот на фотографијата на која се гледа како го вози синот во количка низ природата.
Милош Биковиќ со години живее на релација Белград-Москва, а неговата партнерка Ивана Малиќ неодамна сподели слики од глетката од нивниот дом.
View this post on Instagram
фото: printskrin/instagram