Познатата пејачка Милица Павловиќ пред неколку дена одржа спектакуларен концерт во Нови Сад, во Спенс, по што стана главна тема и на странските медиуми.
Еден стајлинг особено го привлече вниманието на јавноста, па се зборуваше и за него, а турските медиуми коментираа и за еден од фустаните што таа вечер ги носела.
View this post on Instagram
Имено, како што пишува турскиот портал „Gunboyugazetesi“, долната облека на српската пејачка била голема сензација, а оние што еднаш го виделе видеото го гледале повторно и повторно.
Откако турските медиуми ја пренесоа оваа вест, нивните граѓани на мрежите го коментираа стајлингот на пејачката.
– Не дозволувај да ти се случи инцидент – гласи еден коментар.
Инаку, синиот фустан на Милица имаше големи отвори, па во неколку наврати се чинеше како да покажува премногу.
Меѓутоа, вистината е поинаква, како што откри Павловиќ во описот на една објава.
Hadise görmesin agshshaaja pic.twitter.com/sOj5APoJIh
— Allahım Nasip Etme (@nasipetme) June 17, 2024
-Фустанот кој предизвика тотален метеж на социјалните мрежи… Секако дека под фустанот имав боди во боја на кожа, кое при изработката го нарековме „оптичка илузија“ – напишала Милица.
фото: printskrin/instagram/TikTok