Радио Милева не му беше денот

Мики Секуловски овој пат не успеа да го даде својот максимум во „Ѕвездите на Гранд“, а Цеца побара жирито да има разбирање за нејзиниот омилен кандидат (видео)

Мики Секуловски овој пат не успеа да го даде својот максимум во „Ѕвездите на Гранд“, а Цеца побара жирито да има разбирање за нејзиниот омилен кандидат (видео)

По шест круга восхит, ласкави коментари и фаворизирање од страна на жирито во „Ѕвездите на Гранд“, влешанецот Мики Секуловски го „пресекоа“ откако не успеа да го даде својот максимум во седмиот круг.

Уште од стртот на првиот отпеан стих, се чувствуваше дека Мики не е во форма.

Причина за тоа беше тоа што еден од нашите најдобри кандидати иако многу болен и со темпера решил да не го пропушти своето учество и да даде колку може, секако не онолку клку што досега имавме можност да слушнеме од него.

Сепак, на крата на она што го правеше преходно, Мики доби шест гласови и се пласираше директно во осмиот круг, но кога дојдоа на ред коментарите, Марија Шерифовиќ беше првата која како од пушка кажа дека ова е најлошиот настап на Мики досега, и дека не ни сакала да му даде глас, но сепак тоа го направила бидејќи знае колку умее, но и дека долните тонови не му се силна страна.

Цеца за нејзиниот омилен кандидат како негова менторка веднаш како тигрица „рипна“ во одбрана и побара разбирање дека Мики не успеал да дојде ниту на проба бидејќи е „мртов болен“, па Ѓорѓе Давид пред настапот му давал лекови.

Мики како и секогаш самокритичен за Гранд потврди дека се дал само половично, но со оправдана причина.

Во фокусот од коментарите Мики беше сосема малку бидејќи нековиот против кандидат Бобан влезе во тешка полемика со Марија и Саша Поповиќ поради трите освоени гласови, а за тоа колку беше густо и како се претстави и звучеше Мики Секуловски погледнете од видеото на 2: 13

фото:You Tube printscreen/ Zvezde Granda

 

To top