Радио Милева „високо задлабочена“

Миа Костова со малку познати факти за себе: „Се срамам да кажам колку…“

Миа Костова со малку познати факти за себе: „Се срамам да кажам колку…“

Таман ќе си речете што ли уште не сме знаеле за една од нашите најпознати и најактивни инфлуенсерки, Миа Костова?!

Но, веројатно изненадена од истото за себе, е дури и таа самата, на моменти дури шокирана!

Доблест е човек да си признае за она што не го знае, зашто нели, секогаш има нешто ново или она кое останало непознато… без оглед на возраста, едукацијата, искуствата, статусот, позицијата во општеството…

Па така, наместо да се прави паметна пред останатите, Миа го покажа токму овој пример, секако од позитивниот аспект на гледање на нештата.

Имено, Миа во една од своите „стори“  објави сподели дека кога нешто ќе и влезе под кожа, детално сака да го истражува и анализира, а изненадена била и од се’ она што и е непознато за вселената, за разлика од нејзниниот син за кој со гордост се пофали за неговите познавања за разлика од мама.

-Малку познати факти за мене се дека опсесивно навлегувам во актуелни теми (често и трагедии) и еве за недела дена имам поставено над 150 прашања на чат гпт. Се срамам да кажам колку од работите за вселената не сум ги научила во школо веројатно, толку ми е се фасцинантно и дополнително ме прави да не можам да прекинам да читам. Она што ме изненади е дека Андрија е пола астронаут. Во шок бев кога зема да ми објасни се’ што прочитав во изминатите денови. На моменти се лупаше по глава( се смее). И не, нема да се расправаме за теории на заговор- чисто онака сакав да си кажам дека сум многу удрена ако нешто ми земе внимание. – пишува Миа.

Во времиња кога секој е експерт за се’ и сешто, убаво е да се акцентира на едно ВАЖНО потсетување дека не е срамота да не знаеш, туку да не прашаш, да не сакаш да научиш и да кажуваш дека знаеш се’, зашто, сигурно сте ја слушнале онаа добропознатата – човек учи додека е жив!

фото:Instagram printscreen/miandrija

To top