Македонската инфлуенсерка и екс ТВ водителка Миа Костова на своите инстаграм приказни постојано се огласува со нови објави пораки. Во овие најтешки денови за Македонија нејзиниот Инстаграм освен со зборови на неизмерна тага, болка и сочувство е исполнет со објави или апели за помош на настраданите, со разни пораки со телефонски броеви на поединци или институции кои можат да придонесат за згрижување на повредените и нивните семејства во странство…
Но, Миа, како впрочем и сите нормални луѓе не можела повеќе да се воздржи да ги поднесе сите оние аномалии што се случуваа во деновиве на жалост, сите недолични пораки и коментари, споделени вознемирувачки фотографии, видеа и останати содржини кои дополнително ја „копаат длабоката рана“ на засегнатите семејства, а меѓу народот шират шпекулации, квази информации, подбуцнувања, политиканство, паника и дополнителен траор…
Затоа највлијателната македонска инфлуенсерка се обрати со свој Инстаграм статус во кој ги осуди споменатите работи, но и упати апел со остра порака, како што самата ги нарекла, до сите оние кои изигруваат квазиинфлунсери, но и квазиновинари кои заради кликови, лајкови, поголема читаност или што ли веќе, шират дополнителен траор и болка преку своите сензационалистички постови и објави.
Еве што и порача Миа Костова на квазичовечката булумента:
Фото: Инстаграм/miandrija