Ако помисливте дека Тамара Тодевска брзо решила да му откаже љубов на саканиот Лука, во случајов не се работи за тоа, туку за една друга и поинаква љубов.
Следбениците на пејачката на Инстаграм редовно ги гледаат објавите на Тамара со новиот миленик на четири тркала кој од неодамна го има.
Дали дебело искеширала или е партнерска соработка, засега е непознато, но она што се знае е дека Тамара е пресреќна зад воланот на новиот бел убавец „ Nissan Qashqai“, кросовер од SUV категоријата.
Ново момче, нов автомобил и гас до даска, адреналинот пуштен на најјако за нови предизвици и авантури.
Мириса на ново, мириса на љубов, звуците на омилената музика и Лука до себе – мераци на ниво.
Згора на се’ желба за да го светне во авто- перална има и Лука, за да ја поштеди саканата која само ги гледа и ужива во своите два љубови.
Едниот го вози, другиот го гали на совозачко, а двата ги љуби – посебно.
Нека е за убаво!
фото:Instagram printscreen/ tamaratodevska