Радио Милева во срцето на Монако

Мелина Џиновиќ ќе го каже судбоносното „Да“ во сабота: Синот не го поканила на свадбата

Мелина Џиновиќ ќе го каже судбоносното „Да“ во сабота: Синот не го поканила на свадбата

Мелина Џиновиќ не го поканила синот на свадбата: И овој детаљ ја поврзува со Харис на денот на свадбата

Поранешната сопруга на пејачот Харис Џиновиќ, Мелина Џиновиќ, ќе му каже „Да“ на бизнисменот Џефри Пол Арнолд во сабота, но нејзиниот син Кан нема да присуствува на свадбата.

Свадбената церемонија ќе се одржи во Монте Карло, во Кнежевството Монако, а извор близок до дизајнерот вели дека Мелина сакала сè да биде строго доверливо, па затоа свадбата ќе биде организирана во интимен круг, додека на тридневната прослава ќе присуствуваат околу 30 гости од Србија од нејзина страна, како и исто толку гости од страната на младоженецот од Велика Британија.

Додека ќерката Џина ќе биде со мајка си, синот Кан нема да присуствува на свадбената церемонија. Познато е дека по разводот на Харис и Мелина, тој застана на страната на татко си и речиси и да нема никаков контакт со неа, поради што не беше поканет на свадбата.

Исто така, како што објави Курир.рс, на нејзината свадба ќе свири и познатиот бенд Gypsy Kings, омилениот бенд на нејзиниот поранешен сопруг Харис Џиновиќ.

Foto: printscreen/facebook/Kan Džinović/hameloofficial

To top