Живее ме во турболентни времиња, стресни, неизвесни, полни со секојдневни шокови и изненадувања, кои кога ќе се накалемат на секојдневните обврски, не ретко доаѓа или до постојано чкрипење во хармонијата, или до дисбаланс на хемијата во организмот. Главоболка, мигрена, анксиозност, хроничен замор, безволност, алергии, дебелина… и уште сто и една непосакувана нус појава не мачи, замара и дополнително малтретира.
Кој посегнува по лекови, кој по пороци, кој бара природно чаре, ама некои и по онакви, какви што досега не беа баш општо познати. Меѓу сите нив и понекои од познатите фаци, одлучија да пробаат алтернативни решенија.
Така на пример, најнова во редот познати застана македонската фолкерка Марија Луиса Тодоровска, која самата се понуди за „дупење“! Чукна на врата, па користејќи го „богатството на јазикот“ сама се понуди да ја почувствува „моќта на дупењето“:
„Дојдов да ме дупиш… сегде кај што мислиш дека треба“ – ја шокираше со двосмисленото барање својата домаќинка Марија Луиса.
„Да те дупам?“ – зачудена и возврати таа, за набргу да ја демонстрира својата експертиза во областа на пирсингот. И тоа не само оној обичниот, декоративниот, туку и оној за кој малкумина знаат дека е лековит. Или што би рекла пејачката – „дупење за здравствен добробит“!
Пирсинг кој наводно помага против мигрена, главоболки, стрес, е за баланс на телото и слично… Патем изгледа убаво, естетски и лично. Веројатно при тоа само еднаш ќе те боли малку уво, во моментот на дупчењето со иглата, а потоа „ќе те боли уво за се’“, зашто вака заштитен(а) ќе бидеш од сите можни болки поштеден(а).
Или барем од повеќето, што се секојдневни и вообичаени!
View this post on Instagram
А дека, Марија Луиса Тодоровска не била единствената позната што се подвргнала на ваквата „исцелително – превентивна“ метода говорат Инстаграм доказите од видеата и фотографиите…
Меѓу сите што помалку или повеќе ги знаете веќе биле Марта – убавата млада сопруга на јутјуберот Стефан Лазаров, екс мисицата и пејачка Кристина Димитри, пред тоа и Татјана Стојановска – ТВ презентерката на вести… и ред други познати невести.
Фото: Инстаграм/blingbling.mk