Радио Милева еден - идеален, или шестмина?

Марија Луиса е на добар пат да се омажи и тоа за идеален маж… или за нив, повеќемина? (ФОТО)

Марија Луиса е на добар пат да се омажи и тоа за идеален маж… или за нив, повеќемина? (ФОТО)

Марија Луиса Тодоровска и покрај тоа што работи во иделана средина која врви од пожелни мажи, никако да се омажи! Со години наназад пејачката мажите ја третираат како бидермаер. Сите што биле со неа во врска – се оженија, ама со некоја друга, а не со неа!

Можеби затоа што пејачката премногу бира… Не само мажи, туку и нивните карактеристики и способности, статус… Физички, умствени, духовни, финансиски – секакви! Што би се рекло бара идеален маж со сите салтанати, а таков – нема! Совршенство на сите им е јасно дека не постои, а  пустотото сите го бараат иако добро знаат дека… „идеалка – жими мајка“… Никогаш нема да најдат!

Арно ама, Марија Луиса во многу нешта не е како сите, па поучена од богатото искуство бргу сфатила едно, што како препорака им го праќа на сите жени што тежнеат кон совршен брачен партнер. Чисто онака, колку да ги отрезни и разбуди да не живеат во заблуди.

„Жени, запаметете: Убав, умен, згоден, искрен, богат и духовит…? Тоа се шест мажи“ – констатирала пејачката, па констатацијата ја споделила на своите Инстаграм приказни.

Патем, итрата битолчанка не пропуштила и да се пофали дека е на добар пат загатката да ја реши и тоа многу едноставно. Ако нема „шест во едно“ има „шест со по едно“! Еден идеален не се наоѓа, па затоа Марија решила да си направи  машка „ол старс“ екипа.  Иделната петорка ја има, уште шестиот и недостасува… И тоа оној  на кој му е „најзлатен“… Буџетот, се разбира! Сега  него го бара и внимателно бира, за Марија Луиса да си ја состави „идеалната низа“!

Зашто, ако нема еден – идеален, тогаш дај шестмина со по една иделна карактеристика!

Фото: Инстаграм/luisa.todorovska

 

 

To top