Радио Милева генетски копир

Малечките убавици: Елена Стојановска со повод извади фотографија „од нафталин“ со сестричката и мама од дамнешни времиња (фото)

Малечките убавици: Елена Стојановска со повод извади фотографија „од нафталин“ со сестричката и мама од дамнешни времиња  (фото)

ТВ водителката Елена Стојановска Јанковска важи за една од најубавите и најхаризматичните женски лица пред камерите.

Со јавна професија се занимава години наназад, а кога ќе се спомнат нејзините години кои таа не ги крие, ретко кој верува.

Елена на својот профил објави роденденска честитка посветена на нејзината помлада сестра Катерина Стојановска, која често ја претставува пред своите следбеници на социјалните мрежи, а во прилог  на тоа овој пат и фотографија „од нафталин“.

Елена и Кате заедно со мама Стојна од дамнешни времиња. Две слатки убавици кои очигледно гените на физикус ги наследиле од мама.

Елена во една прилика, токму по повод роденденот на сестра си напиша:

-Пред многу години на свет дојде Катерина. Беше слатко бебе и моја омилена играчка, навечер кога ми беше страв ме примасе да спијам во нејзиниот кревет, имам лузна на коленото кога ме погоди со лажица. Ми кажува најтајни тајни, секогаш е најпаметна и мора да е по нејзино! Би патувала со неа и на крај на светот, нема полуда тетка за Илина и мојот свет без неа,ќе беше празно место. Срекен роденден! – напиша Елена.

Од приложеното на профилот кај Елена, Кате освен роденденските честитки доби и грст комплименти на своја сметка, а ние само може да потврдиме дека мајката природа и секако гените биле дарежливи кон двете, односно трите.

фото:Instagram printscreen/enna_inna

To top