Атрактивната македонска пејачка Андријана Петрушовска им мамеше воздишки на гледачите уште додека ја гледаа во натпреварот на „Ѕвездите на Гранд“, а особено во фокус беше оваа сезона кога стигна и како третопласирана. Но, таа летово покажа дека не е помалку провокативна и кога не е на сцена, а богами како што зачестила со настапи низ земјава по финалето, одмор и тоа како и треба.
Имено, пејачката летово конечно најде време за себе да здивне од напорната сезона, па одморот го минуваше на Егејското море, кај нашиот јужен сосед во Грција. Андријана и таму не пропушти да го истакне сиот свој телесен раскош со кој младата убавица располага, па се покажа во опуштено и заводливо издание, онака како што таа најдобро умее.
Андријана позираше за своите Инстаграм следбеници, па на својот профил провокативните пози и ги сподели, а на нив македонската „Гранд“ ѕвезда сексапилот го пуштила на најсилно.
И тогаш кога се журка среде бел ден на преполната плажа на која сите погледи се вперени кон долгоногата убавица и нејзините сочни атрибути: Долгите нозе, бујните гради и нејзината обла секси задница.
Извајаното га*е ќе ве обори од нозе, доволно разголено онолку колку што е пристојно и дозволено, кое толку многу предизвикува и мами кога Андријана при позирањето ќе го напучи, што секој вистински маж, ќе го „извади од папучи“!
И кога одмара под сенка на брегот и кога го сонча на бродската палуба среде морската шир, глетката на него буди „сладок немир“!
Конечно ваквиот возбудлив призор не остана незабележан и од регионалните медиуми на кои македонската пејачка им е многу добро позната, па нејзината раскошно извајана задница осамна и на понекоја насловница.
Како и моментите кога зеленооката македонска убавица предизвика нов „потрес“ откако реши да се сонча топлес.
Андријана го симна горниот дел од бикинито, но сепак глетката на голите бујни гради и ваквото искуство биле строго само за одбрано друштво.
Нејзините обожаватели и јавноста мораше да се задоволи само со она што пејачката го понуди: Топлес, ама прекриена со големиот сламен шешир преку градите!
Како и да е, македонската „Гранд“ ѕвезда Андријана Петрушовска ова лето дефинитивно сексапилот го пуштила на најсилно, па вака разголена, изгледа повеќе од провокативно и предизвикувачки…
Налик на некои многу попознати регионални пејачки, кои е на добар пат бргу да ги стигне… и престигне!
Фото: Инстаграм принтскрин/andrijanapetrushovska