Радио Милева искуство за паметење

Македонската „Гранд ѕвезда“ Александар Јосифовски со пофални зборови за колешката: „Сега ми е јасно зошто публиката ја обожава“

Македонската „Гранд ѕвезда“  Александар Јосифовски со пофални зборови за колешката: „Сега ми е јасно зошто публиката ја обожава“

Македонската Гранд ѕвезда, рок пејачот Александар Јосифовски, престојуваше во САД, каде што беше дел од импресивната турнеја заедно со балканската легенда Драгана Мирковиќ.

Пејачот веста ја сподели на социјалната мрежа Фејсбук, каде што со ентузијазам ги опиша деталите за искуството кое, како што вели, ќе го памети засекогаш.

– Месец денa бев на турнеја во Америка со легендарната Драгана Мирковиќ, и искрено тоа искуство ќе го паметам цел живот. Покрај тоа што е огромна ѕвезда, Драгана е неверојатно фина, приземна и топла личност. Секогаш насмеана, со респект кон сите околу неа, и со енергија што ја пренесува и на сцена и надвор од неа. Публиката ја обожава, а сега ми е јасно и зошто, таа не е само кралица на музиката, туку и кралица по срце. Чест ми е што имав прилика да бидам дел од таа приказна, напиша пејачот предизвикувајќи позитивни реакции од фановите.

Јосифовски со овој ангажман направи значаен исчекор на меѓународната сцена, настапувајќи пред бројната публика низ повеќе градови во САД, каде балканската музика традиционално привлекува внимание.

Во време кога балканските ѕвезди сè почесто гостуваат надвор од регионот, македонските таленти како Александар покажуваат дека имаат   што да понудат пред публиката. Фановите веќе шпекулираат за нови проекти – дали ќе има заеднички песна со Мирковиќ или пак нова заедничка турнеја…

„Чест и задоволство е ти како прекрасен вокал да настапуваш заедно со големата музичка ѕвезда Драгана Мирковиќ“, Честитки, многу успеси“, „Браво“, Убаво е кога се кажуваат пофални зборови“ – го поддржаа неговите фанови со коментраите.

Александар Јосифовски првпат ја привлече македонската јавност уште пред да ја започне својата професионална кариера, преку популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“. Таму, со моќниот глас и рок- харизма, тој брзо стана омилен на жирито и гледачите. По шоуто, Јосифовски брзо напредуваше и соработуваше со познатите имиња.

Foto: print screen/Instagram/Aleksandar Josifovski

To top