Мегафон симфониска завршница

„Македонијо во срце те носиме“ ќе биде заокружена на 7-ми декември, со голем концерт во Македонската филхармонија во Скопје

„Македонијо во срце те носиме“ ќе биде заокружена на 7-ми декември, со голем концерт во Македонската филхармонија во Скопје

„Македонијо во срце те носиме“ приказната која трае без малку две години ќе биде заокружена на 7 декември, со голем концерт во Скопје. Концертот е закажан во големата сала на  Македонската филхармонија во придружба на голем симфониски оркестар и под диригентската палка на Сашо Татарчевски.

Она што е ново, како што беше соопштено на  прес-конференцијатa, е дека освен веќе добро познатите 12 преработки на патриотски песни, публиката ќе има можност на сцената да види и чуе уште три нови. Промена во однос на имињата кои беа дел од турнејата, а во чии рамки се одржаа 18 концерти ширум земјава и еден за нашинците во дијаспората, нема да има, односно трите најавени нумери ќе бидат отпеани од некои од нив.

Со оглед на тоа дека маестро Николче Мицевски, кој ги потпишува сите преработки, а овој пат ќе биде задолжен и за оркестрациите, сѐ уште вредно работи дополнително ќе бидат откриени детали околу тоа за кои нумери станува збор и кој ќе ги отпее на сцената на Филхармонија.

„Пресреќна сум што успеавме да го реализираме проектот онака како што замисливме, што на некој начин им го продолживме векот на песните и што им дадовме и свој печат и дел од нашите души“, вели Бојана Скендеровски, која во рамки на проектот ја отпеа легендарната „Заветна“.

Истомисленици со Бојана се и Миле Кузмановски, Зуица Лазова, Огнен Здравковски, Александар Тарабунов и Николче Мицевски, кои се едногласни дека изминатите две години колку што впрочем и поминаа додека караванот ја обиколуваша Македонија ќе им останат во најубави спомени. Зад реализацијата на проектот стои Скендеровски продукција од каде откриваат дека сите средства од продажбата на влезниците ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

 

 

Инаку, влезниците ќе се продаваат преку мрежата на www.kupikarta.com по цени од 1000 и 1400 ден. 7 декември со почеток од 20:00 часот дојдете во Филхармонија и бидете дел од „Македонијо во срце те носиме“ за уште еднаш да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да се потсетиме на аманетот што ни го оставиле генерациите пред нас.

To top