Нина Бадриќ реши да си даде време само за себе и да се препушти на уживање со одмор во егзотика.
Хрватската пејачка на својот Инстаграм профил сподели фотографии и видеа од одморот во Тајланд.
Пејачката ужива на островот Кох Самуи. Се сонча, го истражува островот и ги гали слоновите.
„Го истражувам Тајланд“, рече таа додека со насмевка го галеше слонот.
Освежена од природните убавини или од фотошоп, не знаеме, но на една од фотографиите каде Нина позира во бањарка под првиот сончев зрак, забележливо е дека изгледа поинаку и доста помладо.
Вака или така, таа ги полни батериите, па дали преку супериорни алатки или природно освежена, таа знае како да блесне во полн сјај.
фото:Instagram printscreen/ badrich