Радио Милева тело за медал, га*е за орден...

Љупка Митрова на пат е да добие летно тело, ама затоа веќе има задница за сите годишни времиња (ВИДЕО)

Љупка Митрова на пат е да добие летно тело, ама затоа веќе има задница за сите годишни времиња (ВИДЕО)

Некогашната модна блогерка, денес топ модел и инфлуенсерка Љупка Митрова по безбројните белосветски прошетки на различни егзотични дестинации се врати во родната Струмица. Не за да се скраси дома, оти тоа некако не и е баш својствено, aма затоа и е својствено гламурозно да ги одбележува и прославува значајните датуми. Родендените се секако едни од нив, оособено ако за денот што го чекаме цела година сме подготвени да блеснеме и се прикажеме во најдобра светлина.

На Љупка пари очигледно не и недостасуваат, ама затоа она што и недостасува е внимание… Впрочем како и на секоја жена, со тоа што сексапилната струмичанка посакува да е надалеку видена и прочуена, па затоа оние задоволства што другите не можат, таа себеси може и си ги приуштува!  А потоа социјалните мрежи се тука за да ја обзнанат убавината на животот.

Овој пат Љупка во пресрет на роденденот се почести со холивудска фотосесија. Филмско позирање кое струмичката убавица и тоа како знае да го изведе и тоа со стил, во различни заводливи пози во кои до израз доаѓа нејзиниот неодолив сексапил! Иако овој пат нема ниту грам голотија, зашто Љупка е до грло закопчана, атрактивниот модел и инфлуенсерка зрачи со еротика!

Заводливиот „подзамижан“ поглед и бујните атрибути предничат, па иако целосно покриена, има нешто што  разоткрива што тоа крие Љупка одоздола, под скапата гардероба.

Играта на сенки под светлата на ѕидот го матат видот иако очите ви се широко отворени, зашто она што кај Љупак Митрова доминира, секое вистинско машко, длабоко го инспирира.

Големата овална, убаво извајана задница е она парче од телесниот раскош на струмичката убавица на кое се фокусираат „влажните погледи“…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ljupka MITROVA 🫀 (@ljupka_mitrova)

Но, ако мислите дека мајката природа е доволна за да ве предодреди да поседувате ваква телесна дарба – се лажете.  Можеби можат да се стават леќи во боја, вештачки трпки, нокти, филери во усните, силиконски гради… ама телото мора да се вежба, билда, негува и гради!

Тоа Љупка убаво оддамна го сфатила, па секоја прилика ја користи како би се навратила на она место, на које телото се доведува до совршенство без мана – во спортска теретана!

И додека по тренингот ги проверува резултатите од вежбањето, овој пат стегната во мрежести хеланки и пепито топ, Љупка е убедена дека е на добар пат да добие летно тело. Но, одразот во гледалото оддава и една друга слика, која е само потврда дека струмичката убавица има задница  за сите годишни времиња! За „Плејбој“ насловница…!

Фото и видео: Инстаграм/ljupka_mitrova

To top