Луна Ѓогани, поранешна учесничка во ријалити шоу, за време на првата сезона на „Задруга“ се најде во центарот на скандал кога започна емотивна врска со тогаш женет пејач, што предизвика бурни реакции од јавноста и ѝ ја донесе етикетата на љубовница.
Поради таа афера, таа со години трпеше последици и осуди, а дури откако се омажи за Марко Миљковиќ, тензиите делумно се смирија.
Во својата емисија, Луна ја угости водителката и актерка Наташа Аксентијевиќ, која директно ја праша дали се плаши како нејзиното минато во ријалити шоуто ќе влијае на иднината на нејзините ќерки.

– Тоа е огромна загриженост и е премногу тешко. Понекогаш се случува да западнам во размислување за сето тоа и воопшто да не се чувствувам добро. Но, не сакам да ги одгледувам децата на тој начин и да бидам во таа негативност и лоша енергија. Потоа си велам дека кога ќе дојде време, ќе знам како да се справам со тоа и како да разговарам со моите ќерки – рече Луна, додавајќи дека не сака да размислува за минатото, бидејќи после тоа е лошо:
– Многу е тешко и ова се некои работи за кои, нема да кажам дека жалам, бидејќи не сакам да живеам со жалење и размислување дека не требаше да направам нешто и дека можев да го направам поинаку, бидејќи ме убива и ме прави да се чувствувам лошо. Сето тоа мораше да се случи затоа што ме направи тоа што сум денес. Ме направи жената и Луна тоа што сум. Навистина ми се допаѓа себеси денес и сум среќна со она што го гледам во огледалото и сум горда на себе. После сè, си велам дека сè било судено да биде, да ме направи ваква.

Како што истакна Ѓогани, таа е најмногу загрижена за тоа како другите деца ќе се однесуваат кон нејзините ќерки.
– Не ми е гајле за некои работи што се достапни на Интернет. Тоа можат да го видат моите деца и оние деца со кои се опкружени. Знам од сестра ми колку сурови можат да бидат децата, како коментираат, утре можат и да ги задеваат, но ќе дојде време кога ќе го решам тоа на свој начин и ќе ги научам да се справуваат со сè како што јас се справувам со тоа – рече Луна во емисијата „Бункер“ на Сикстер ТВ.
фото:Instagram printscreen/ luna_djogani




