Ана Радуловиќ гостуваше во подкаст со Луна Ѓогани каде во еден момент имаше желба да и постави прашање.
Водителката на „Пинк“ смета дека многумина ги интересира дали Луна, покрај ќерките Миа и Лана, планира уште деца.
– Ќе те прашам нешто што верувам дека сите ги интересира. Планираш трето дете? – ја праша Ана.
– Го знаев тоа. Не ми се допаѓа и не сакам да одговорам на ова прашање. Често ме прашуваат кога ќе биде Лука, тоа е синот. Искрено, во моментов не сум подготвена да имам уште едно дете бидејќи имам две мали деца и им требам многу, секое на свој начин.
– Мислам дека не е поентата само така да се прави и роди дете. Не е поентата да го родиш, сега зборам за син, но не е тоа, само да родиш бебе, туку да бидеш добар и посветен родител и да му обезбедиш на детето се’ што му треба. Во моментов воопшто не размислувам за тоа бидејќи не знам каде ми е главата. Да останам бремена сега, би земала бела кошула, би се врзала и би одела во лудница – рекла Луна.
Инаку, Ѓогани често велеше дека сака да има син, а не криеше дека доколку го роди во иднина, наследникот ќе го крсти Лука.
фото:Instagram printscreen/ luna_djogani