24-ти Септември (вчера), ден кој за Лила Филиповска почнува поразлично од сите останати, ден со многу поголема возбуда, трепет на душата и срце полно љубов каква не е ниедна друга – мајчинската.
Пред 30 години Лила стана мајка и на свет го донесе нејзинот единствен, нејзиниот најсакан – синот Филип кој вчеравечер заедно со одбрано друштво и секако со чело на мама го прослави својот јубилеен роденден.
Гушнати и распеани со чашка за здравица во раката, го обележаа денот од кој најсреќни што се заедно, здрави и живи за да го дочекаат вака убаво.
View this post on Instagram
-За мене секогаш ќе останеш “моето дете” иако денес полниш триесет години. Јас ти го дадов името , делиме ист хороскопски знак и уживаме во музиката и во работите кои ни го разубавуваат животот ! Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двигател и поради тебе сум она што сум. Фала ти што ме избра за твоја мајка и што никогаш не ги изневери моите очекувања… Среќен роденден Филип, моја љубов безусловна, напиша Лила во описот на видеото од роденденската забава кое се најде на социјалните мрежи.
Мама е позната, па оттука роденденските честитки не поминуваат со стотина, туку илјадници со добра мисла и желби за се’ најдобро.
Филип Филиповски за разлика од неговата мајка не е јавна личност, но покрај неа речиси и да нема кој не го познава.
Лила не ретко знае да каже дека нејзиниот син израсна во самостоен и добар човек кој не и задава многу главоболки. Тој во 2016 година ја направи мама горда кога дипломираше на факултетот за туризам и менаџмент во Скопје.
фото:Instagram printscreen/ lilafilipovska