За Лила Филиповска животот би бил незамисливо досаден, сив и полн монотонија ако таа би требало да биде на исто место, а нејзиниот куфер фати прашина и остане дома.
Таа секогаш е со нов предизвик пред себе, избор на нова дестинација и желба за уживање и релаксација.
Пред само неколку дена се врати од Малта, смени гардероба во куфетите и му ја дувна за Виетнам каде наедно е за првпат.
А таму на авантурите и хедонизмот им нема крај…
View this post on Instagram
Ако ја замислувате како ужива само во луксузни хотели со ултра вип третман, овој пат ќе се изненадите од тоа што таа посака да го искуси, секако покрај она ексклузивното.
View this post on Instagram
Ако за некои хотелските фитнес сали и спа центри со базени се опција за физичка активност, Лила сега се режи за арготехника со физичка активност на нива во Виетнам.
Мотиката во рака и бразда по бразда Лила како гостинка реши да помогне и да се покаже дека и тоа може со оглед на корените кои ги носи од скопско Виниче каде веројатно некогаш имала средба со орудието.
Ама и кога се копа Лила и тогаш е со стил “скоцкана“ со црна туника, „Нон ла“ шапка на главата како симбол на виетнамската култура, заокружено со влечки кои можеби не и одеа во прилог за стапалата, но што е тука е, можело и така.
-Нивата во Виниче ја прекопав па дојдов во Виетнам да помогнам, дополни во опис и стави „смајли емотикон“.
На најпопуларната водителка и инфлуенсерка од уживање и патување никогаш доста, па на свои 53 години апсолутно знае што сака и што и прави мерак, а ако може постојано да биде на патување и во истражувачка акција едноставно кажано тоа би било совршенство!
фото:Instagram printscreen/ lilafilipovska