Драмската уметница Лидија Вукиќевиќ во интервју за Информер.рс откри дека го прославила својот 63-ти роденден во друштво на својот партнер, кого вешто го крие од очите на јавноста.
Лидија, која неодамна беше почестена од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го прославила својот роденден на полноќ во кругот на своите најблиски пријатели.

– Го прославив роденденот во Скадарлија со драги луѓе. Беше прекрасно, сè уште собирам впечатоци. Со години го славам мојот ден исклучиво со оние што ги сакам и кои многу ми значеле во текот на целиот мој живот. Мојот партнер беше со мене – откри актерката.
На прашањето дали нивната љубовна приказна е нова, Вукиќевиќ објаснува:

– Нашата врска трае веќе некое време, но никогаш не сакав да зборувам за мојот приватен живот. Среќата се премолчува, бидејќи лесно се расипува.
фото:Instagram printscreen/vukiceviclidija







