Радио Милева домашна медицинска нега

Лепа Лукиќ открива што и кажала Зорица Брунцлик за тоа како и оди со закрепнувањето

Лепа Лукиќ открива што и кажала Зорица Брунцлик за тоа како и оди со закрепнувањето

Пејачката Лепа Лукиќ за српските медиуми ги даде најновите детали за закрепнувањето на нејзината колешка Зорица Брунцлик и откри дека медицинскиот персонал дома и прави преврски на пејачката.

Откако во јавноста се појави информација дека Зорица Брунцлик се враќа на снимањето на „Пинк ѕвезди“, нејзината блиска пријателка Лепа Лукиќ потврди дека пејачката навистина се чувствува подобро и дека наскоро повторно ќе се најде во црвената фотелја.

Иако по операцијата беше пуштена од болница, Зорица сè уште има потреба од медицинска нега, која ја добива дома.

– Сега е добро, од болница доаѓаат дома за да ја преврзат, ми рече дека имунитетот малку ѝ паднал – откри Лепа.

Според неа, на пејачката ѝ треба уште малку време за целосно да се опорави, а нејзиното враќање на снимањето на емисијата се очекува кон крајот на април.

На оваа добра вест се израдува и нејзината колешка Весна Змијанац, која од првиот момент се надеваше дека Зорица ќе се опорави.

фото: instagram printscreen/lepa_lukic_official/ zoricabrunclik_official/

To top