Радио Милева врвна услуга

Лепа Брена потроши богатство за одморот во Тајланд: Пејачката искешира огромна сума за одморалиштето каде доаѓаат светски ѕвезди (фото)

Лепа Брена потроши богатство за одморот во Тајланд: Пејачката искешира огромна сума за одморалиштето каде доаѓаат светски ѕвезди (фото)

Пејачката Лепа Брена моментално се одмара на Тајланд со сопругот Боба Живојиновиќ и семејството, а на фотографиите кои ги објави на социјалните мрежи се гледаат како заедно се опуштаат на базен.

Таа, како што дознаваат српските медиуми, потрошила околу 20.000 евра на луксузен одмор.

– По повредата на ногата, Брена веднаш планираше патување со семејството. Сакаше да го спои убавото и корисното, па Тајланд беше прва опција. На одморот потрошиле речиси 20.000 евра, но таа не зажали за парите. Тука доаѓаат светски ѕвезди, па ова одморалиште е многу популарно на овие простори – вели добро информиран извор близок до пејачката.

– Семејството на Брена секако се труди да ѝ ја олесни, бидејќи раната на ногата и е сè уште свежа, а закрепнувањето не е целосно. Откако ќе закрепне, концертната турнеја ќе продолжи.

Пејачката на социјалните мрежи покажа дека закрепнувањето ѝ оди одлично, а по базенот се распрснуваше во црвено бикини, со капа на главата, додека Боба се погрижи да и го направи престојот во водата што е можно поудобно.

Во склоп на луксузниот ресорт каде летува пејачката и нејзиното семејство, за сите активни посетители има различни програми за одмор, програми за детоксикација, како и простори за спортски активности.

Има и опции за разни медитации, па на располагање имаат се, покрај врвна храна, море и плажа, но и поглед кој се протега од хотелот до природата.

Судејќи според видеата и фотографиите на социјалните мрежи, Брена веќе нема гипс или тежина на зглобот, па сите се надеваат дека целосното закрепнување е многу блиску.

фото: printscreen/instgaram

 

To top