Пејачката Лепа Брена разочара дел од своите обожаватели во нејзиниот роден град Тузла бидејќи одби да се фотографира со нив.
Пејачката одржа концерт во локалната сала „Мејдан“ во Тузла. Пред настапот, таа се прошета низ градот и посети ќебапчиница и локално кафуле, каде што еден босанско-херцеговски портал ја фотографираше.
Пејачката била забележана во барот, каде, според очевидци, јасно ставила до знаење дека не сака да биде фотографирана, ниту да има контакт со обожаватели.
Според присутните, таа реагирала на обидите да ѝ се приближат со мавтање со раката, а на некои им рекла дека сака да пие кафе на мир.
View this post on Instagram
Иако многумина ја разбираат потребата јавните личности да имаат момент за себе, дел од граганите не го криеле разочарувањето од ваквиот став.
„Го покажа своето вистинско лице“, „Наместо да одговара и да разговара со своите сограѓани, се однесува како ѕвезда“, „Ужасно, не го очекував ова од Брена“, „Не можам да верувам дека така се однесува меѓу своите луѓе“, беа само дел од коментарите.
Дали е во прашање лош момент или став кој не личи на една од најголемите регионални ѕвезди – мислењата се и понатаму поделени.
Foto: printscreen instagram/lepabrenaa







